Познатата актерка го прослави 57-от роденден на плажа – старее грациозно, со достоинство и без пластични операции
Неверојатна жена која изгледа минимум 20 години помладо
Познатата холивудска актерка Салма Хајек наполни 57 години и роденденот го одбележи со фотографии на кои е во костим за капење.
„Толку сум среќна што сум жива и толку сум благодарна за сé со што сум благословена! Моето сакано семејство, моите драги пријатели, моето здравје, мојата работа, мојот тим, мојот однос кон животните и природата и љубовта на сите мои верни обожаватели“, напиша Салма.
Фото: Инстаграм/ Салма Хајек
„Нека ми е среќен 57 роденден“, додаде таа покрај фотографии на кои е во црвен костим за капење и кои ги лајкуваа скоро 1.5 милиони луѓе.
Фото: Инстаграм/ Салма Хајек
Пластични операции нема да правам сигурно
Салма со децении ги воодушевува сите со својот изглед, а во една прилика откри дека се занимава со јога за да ја задржи линијата.
Фото: Инстаграм/ Салма Хајек
„Во 2020 година, на прашањето од страна на новинарите во врска со стареењето 55 годишната ѕвезда коментираше дека чувствува лесен притисок, но и дека се надева дека со годините нема да разочара. Пластични операции сигурно нема да правам. Треба да се старее грациозно и достоинствено“, заклучи таа.
Фото: Инстаграм/ Салма Хајек
Фото: Инстаграм/ Салма Хајек
Фото: Инстаграм/ Салма Хајек
Салма од 2019 година е во брак со милијардерот Францис Хенри Пинаулт со кого ја има 15 годишната ќерка Валентина Палома Пинаулт.