Познатата актерка ги шокираше сите – три пати силувана, а еднаш дури и забременила: „Ќе требаше да имам дете со силувачот“

ADVERTISEMENT

Холивудската ѕвезда Ешли Џад зборуваше отворено за „трите силувања што ги преживеала” и откри дека ќе морала да има дете со еден од нејзините силувачи ако не направила абортус, а тој би ги имал сите права како татко.

Познатата актерката, хуманитарка и #MeToo активистка зборуваше во четвртокот на 10-тиот самит на жени во светот во Њујорк. Годишниот настан, исто така, вклучува и панел дискусии на кои разговараат за централното прашање: „Можат ли жените да го спасат светот?”

ADVERTISEMENT

Џад зборуваше за новиот закон за абортус, кој беше усвоен минатиот месец во Џорџија, а забранува абортус доколку се детектира чукање на срцето, и покрај тоа што тоа може да се случи и пред една жена да сфати дека е бремена.

„Како што секој знае, јас секогаш отворено зборувам за тоа, три пати сум силувана во животот”, вели Џад. „По едно од овие силувања останав бремена. И јас сум многу благодарна што бев во можност да пристапам до безбеден и легален абортус. Силувачот, кој е од Кентаки, како и за мене која живеам во Тенеси, тој има прво како татко и во Кентаки и Тенеси. Ќе морав да бидам родители со својот силувач“, вели таа.

ADVERTISEMENT

Таа додаде и дека „безбеден пристап до абортусот е посебно важен, но и дека е загрижена за другите жени во слична позиција кои не би имале таква опција поради рестриктивните мерки против абортусот, пишува news.com.au.

„Демократијата започнува со мојата кожа. Дометот на државата застанува на моето тело“, порачува таа.

Ешли Џад никогаш јавно не ги означи своите силувачи, но беше една од првите што го обвинија холивудскиот продуцент Харви Вајнстин за сексуална злоупотреба. Иако судот ги отфрли нејзините обвинувања, ја посоветуваа дека може да го тужи за клевета. Таа вели дека овој процес се уште не е завршен и дека не е прашање дали тој го направил тоа или не, бидејќи и самит го признал делото. туку дали тоа било криминално дејствие или не.

Facebook Comments
(Visited 1.241 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT