Подигнат споменик на Тoше Пpoески на местото каде што тpaгично згacна неговиот живот – еден детаљ ги тpoгна неговите фанови
Овој споменик треба да не потсетува на убавите времиња, кога сите се веселеа и уживаа на неговите песни.
Недалеку од местото каде што згасна неговиот живот, на автопатот во близина на Велика Градишла во Босна и Херцеговина, на легендарниот македонски пејач Тоше Проески му е подигнат споменик.
Целата статуа е во бела боја, а на неа пејачот е во препознатлив костум од еден концерт со шал околу вратот и со микрофонот во рацете.
Статуата на Тоше Проески ја направи Славко Буниќ, а на свеченото отворање присуствуваше македонскиот амбасадор Милиам Фетаи, градоначалникот на Нова Градишка Винко Гргиќ, како и градоначалникот на Крушево, родниот град на пејачот, Томе Христовски.
Да потсетиме, Тоше Проески на ова место го изгуби животот на 16 октомври 2007 година на 26 годишна возраст.
Идејата и одлуката за изградба на камениот споменик на Тоше Проески потекна од компанијата Техникс и нејзиниот претседател Ѓуро Хорват.
Неговата идеја е камениот лик на Тоше да потсетува на времето кога сите заедно, без разлика од која земја потекнува, се веселеле и уживале во неговите песни.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
https://www.instagram.com/p/CVYtx1rIMes/
https://www.instagram.com/p/CSC0wLJiaza/
https://www.instagram.com/p/CR7N6uXBVfd/
https://www.instagram.com/p/CTAv5G4CJUV/
https://www.instagram.com/p/CVIbZU_I3C1/
https://www.instagram.com/p/CPGx3mBhBJO/
https://www.instagram.com/p/CPJUDoIBv7R/
https://www.instagram.com/p/CPWXcprhqdk/
https://www.instagram.com/p/CQgf-ymhruu/
https://www.instagram.com/p/CPlu9-nBEUQ/
https://www.instagram.com/p/CKlzvc8B2oc/
https://www.instagram.com/p/CKzHbRbhlpu/