Реклама
Вести

Подгответе се за невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град

Реклама

И утре ќе се задржи многу топло време со максимална температура наместа над 40 степени и ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури, информира УХМР.

Од утре и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.

Според УХМР, за време на викендот и во почетокот на идната недела ќе биде нестабилно на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

Маркетинг

Почитувани, како што веќе најавив, од денес (среда 14.8.2024) влегуваме во нестабилен временски период, што значи дека атмосферата полека ќе се дестабилизира. Токму поради ова, во попладневните и во вечерните часови локално ќе се развиваат грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Поради загреаната атмосфера која е исполнета со многу енергија, и тоа поради екстремно топлиот бран „Луцифер” кој условува екстремно високи температури на воздухот, локално процесите ќе бидат доста интензивни и застапени во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој во баква ситуација би можел да биде покрупен.

Маркетинг

И во делови од Скопската котлина, во следните денови ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град.

Апелираме, во случај на појава на невреме, како и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Што се однесува до температурите, тие до петок ќе бидат екстремно високи и насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурите ќе се искачуваат до, па и над 40 степени, односно до околу 41, 42 степени. Постепено опаѓање на температурите на воздухот, како и намалување на интензитетот на овој екстремно топол бран се очекува од овој викенд, а особено во почетокот на следната седмица“ вели Попоски.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button