Подгответе ги марамчињата за плачење – аудицијата на момчето со Даунов синдром има преку 33 милиони прегледи на Фејсбук

Момче со Даунов синдром стана вирална сензација благодарение на неговиот сензационален настап на аудиција на едно танц шоу, и многу гледачи признаа дека едноставно не можеле да престанат да плачат.

Видеото од настапот на Ендру во шоуто „The Greatest Dancer“ на БиБиСи досега е прегледанo повеќе од 33 милиони пати и тоа само на социјалната мрежа Фејсбук откако беше објавенo во понеделникот, и споделенo од страна на повеќе од половина милион луѓе од целиот свет.

ADVERTISEMENT

Погледнете ја аудицијата на 21-годишното момче, но прво, подгответе ги вашите марамчиња за плачење.

Мајката на Ендру пред настапот објасни дека нејзиниот син го открил танцувањето кога го гледал шоуто „Strictly Come Dancing“ на телевизија пред повеќе години. „Тој почна да ги изведува танците од шоуто во дневната соба”, вели неговата мајка Дона и додава; „Тоа го правеше среќен”.

ADVERTISEMENT

Кога се појави на сцената, Ендру беше малку нервозен и збунет, но му беа потребни само 35 секунди да собере доволно гласови кои ги освои од публиката за да продолжи. Имено, „ако на 75% од гласовите на публиката им се допаѓа она што тие го гледаат, танчарите поминуваат во следната фаза од натпреварот и добиваат ментор”, пишува на официјалниот сајт на шоуто во врска со натпреварот.

Потоа, се отвора големото огледало и публиката ќе се појави од другата страна, која го следи настапот. Кога Ендру ја виде публиката, застана за момент пред неговата мајка да го поттикне да продолжи да танцува.

 

Кога заврши со својот настап, доби овации од публиката, а двајцата членови од жирито беа со солзи во очите. Но највозбудливата сцена беше кога продуцентите го донесоа и неговиот најдобар пријател Том на бината за да му честита.

„The Greatest Dancer show“ има осум епизоди кои се емитуваат во Велика Британија во саботата на BBC One.

 

Победникот на шоуто освојува 50.000 фунти и може да се натпреварува во уште едно популарно британско реално шоу – „Strictly Come Dancing“.

Facebook Comments
(Visited 19 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT