Погодете кој ТИП НА ДЕТЕ ќе оствари најголема заработувачка како возрасен, каков карактер се вашите најблиски?
Обично наставниците имаат поголем увид во децата на кои им предаваат и можат да определат кое од нив би било најуспешно во натамошниот живот. Едно истражување ги следи шестоодделелниците низ животот за да види како вистински напредувале.
Се следело влијанието на нивната интелегенција, карактеристики, однесувањето и социоекономскиот статус на нивните родители. Дали се тоа деца кои сакаат да учат, срамежливи деца или мали спортисти.
Која група и да одберете не сте погрешиле.
Според 40-годишното истражување објавено во списанието “Развојна Психологија“, децата кои се пркосни и ги кршат правилата би биле ваш најдобар избор.
Изненадувачки нели?
Истражувањето на 12-годишните деца кои одат во шесто одделение во основно училиште започнало во 1968 година, а се следело влијанието на нивната интелегенција, карактеристики, однесување и социоекономскиот статус на нивните родители. потоа тие исти ученции се набљудувани во следните 40 години, за да се дојде до заклучок. Не било за изненадување што децата кои професорите ги опишале како „вредни и работливи“ повеќето имале престижна работа. Но сепак, тие не се оние кои заработувале најмногу.
Најголеми приходи имале оние „немирните деца“, односно децата кои ги кршеле правилата и се спротивставувале на родителскиот авторитет.
Според авторите на истражувањето, една од причините поради која 12-годишните кои биле склони кон кршење на правилата заработувале повеќе како возрасни лица, е тоа што не се плашеле да преговараат за повисока плата или покачување. Како уште една од причините се наведува и тоа што таквите деца повеќе ја почитувале конкуренцијата, односно не се грижела толку за напредокот на другите колку за својот личен напредок.
Повеќето деца склони кон кршењето правила имаат поголема шанса да бидат претприемачи, иноватори и милионери.
Ако раснете едно малку попркосно дете, пронајдете утеха во сознанието дека неговото кршење на правилата може да биде предност. Немојте да го обесхрабрувате да ги прекрши правило или две ако со тоа нема никого да повредени, туку учете го на сочуство, како да биде љубезен и грижлив, но исто така да мора да ги сноси последиците кога тоа однесување ќе стане неприфатиливо.
Исто така би можеле да станат и ментално посилни лица кои не се плашат да ги кршат правилата ако знаат дека на тој начин светот ќе го направат подобро место за живеење.