Погодете кое е ова преслатко девојче: Родена е во Струмица, денес е ВИСТИНСКА убавица и ја обожава целиот Балкан

Во прашање е пејачка која во нашата земја се прослави со бендот Јупитер во кој е и нејзиниот сопруг.

Фото: Приватна архива

Бендот постои повеќе од 20 години, а во регионот се прослави со победата во шоуто Никогаш не е доцна.

Таа во ова шоу однесе двојна победа – и од членовите на жирито како и од гласовите на фејсбук.

Во прашање е Ленче Кукиќ, пејачка со извонреден глас и неверојатна харизма. Таа ја освои публиката уште со своето прво појавување во популарното музичко шоу за ветерани кога маестрално ја изведе песната „Катерино моме“.

Фото: Приватна архива

Родена е во Струмица и од малечка се занимава со пеење, бидејќи љубовта кон музиката ја наследила од семејството. Таа е во среќен и долгогодишен брак со Горан Кукиќ, пејачот што ја однесе победата во првиот серијал од истиот натпревар каде по неколку години победи и неговата сакана. Тие веќе со години настапуваат заедно, а често со нив настапува и синот Иван кој е во бендот со Влатко Стефановски.

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

Инаку, Ленче и Горан пред неколку месеци водеа битка со вирусот корона. пејачката го сподели своето искуство во борбата против оваа опака болест за „Гранд онлајн“. Како што рече таа тогаш, вирусот кај нив бил дијагностициран на крајот на април, а поради ненадејното влошување на нивното здравје, тие завршиле на кислородна поддршка.

„Ни беше многу лошо на нас, дишевме тешко и немавме воопшто сила. За тоа колку бевме лоши, сведочи и фактот дека јас и Горан завршивме во болница, бевме на кислород 15 дена, едвај излеговме – вели Ленче и додава дека сега се опоравиле, но дека сè уште чувствуваат благи последици.

Фото: Приватна архива

„Немаме сила како порано и брзо се заморуваме, но како одминуваат деновите можам да се пофалам дека станува се подобро“.

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн
(Visited 2.942 times, 1 visits today)