ПОГЛЕДНЕТЕ СО КАКОВ ЅВЕР СЕ ПОДНОВИ ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША: Овој автомобил чини колку стан во Белград- поп дивата не жали пари за ова задоволство!
Сака скапи автомобили...
Речиси и не поминува ден а Јелена Карлеуша да не биде во центарот на вниманието.
Поп дивата ЈК, подолго време најавуваше дека ќе купи нов автомобил па на социјалните мрежи се пофали со својот нов миленик и предизвика лавина од коментари.
Јелена Карлеуша се почасти со џип од 183.000 евра! Поп ѕвездата го купи најновиот „мерцедес“ AMG G-63, кој припаѓа на едно од најлуксузните возила од оваа марка.
ЈК, која веќе подолго време најавуваше дека ќе купи автомобил, на социјалните мрежи се пофали со својот нов миленик.
– Карлеуша седум години вози купе „мерцедес“ GLE 450, кој во 2016 година и го подари сопругот Душко Тошиќ. За да ја изненади, поранешниот фудбалер искеширал 70.000 евра. Пејачката поради работа и приватни патувања патувала илјадници километри со „стар“ автомобил, и здосадило и посакала нов. Изминатата година штедеше пари и сега конечно купи нов модел на џип од омилениот производител на автомобили – рече за Информер добро упатен извор.
– Сакаше безбеден автомобил, пред се заради ќерките со кои често патува. Овој џип има имобилизатор на моторот, автоматско сопирање, сензор за мр.тва точка и воздушни перничиња од сите страни, дури и за колената. Дополнителни пари дала и за персонализирана регистарска табличка на која се испишани нејзините иницијали „ЈК“. За тоа задоволство платила уште 800 евра.
Освен што се грижи за безбедноста, Јелена се одлучи за најскапиот модел поради дополнителната опрема.
– Сите седишта се со глеачи, покриени со природна кожа и масажери! Светлата се прилагодуваат на сите надворешни услови, а има и камера која го снима патот, контролен панел од кој е регулиран целиот систем во автомобилот, како и одличен аудио систем. Интересно е што ретровизорот се спушта при возење наназад, а брзините може да се менуваат на воланот. Можно е дури и да се даваат гласовни команди на автомобилот! Во џипот има и мал фрижидер, како и простор за складирање на чаши – открива изворот.
– Како вистинска Лавица сакам скапи работи. Така е и кога се во прашање автомобилите. Сакам добри сериозни машини на четири тркала. Често сум на пат и тоа значи дека возам безбедна кола. Но, не сакам брзо возење. Кога сум зад воланот возам внимателно и никогаш не ја надминувам дозволената брзина. Кога некој друг ме вози, секогаш му велам да внимава и да вози побавно – вели Јелена.