Погледнете како се забавуваат нашите иселеници во дијаспората – со песна и оро, тука се најсреќни
Нашиот „министер“ и познатата фолкерка направија лом во Шведска и Данска- Македонците среќни и весели
Ова беше многу повеќе од само добра забава
Борче Наумовски попознат како „Министерот за естрада“ и познатата фолк-пејачка Анета Арсовска направија одлична забава.
Министерот на својот Фејсбук објави неколку фотографии од преубавите забави во Трелеборг во Шведска и Копенхаген во Данска.
Од фотографиите можеме да видиме како се забавуваат нашите иселеници во овие земји, но и како нашите познати фолк-пејачи даваат сé од себе за да направат феноменална забава што ќе се памти.
Фото: Фејсбук/ Борче Наумовски
Како и многу други наши фолк-пејачи, така и Борче и Анета во овој период од годината прават спектакли ширум светот.
Фото: Фејсбук/ Борче Наумовски
Така беше и овој пат, кога тие настапија во овие градови во Шведска и Данска, каде направија одлична забава.
Фото: Фејсбук/ Борче Наумовски
Цела вечер се пееја убави македонски песни и се играше оро, а гостите имаа прилика да се видат со своите земјаци.
Фото: Фејсбук/ Борче Наумовски
На социјалните мрежи се шират снимки од овие настапи на кои може да се види како пејачите уживаат со својата публика.
Фото: Фејсбук/ Борче Наумовски
Анета како и секогаш блескаше од глава до пети и овој пат не оставајќи никого рамнодушен со своето убаво тело.
Фото: Фејсбук/ Борче Наумовски
Таа важи за голем професионалец и знае како да ја расположи публиката на своите настапи, а тоа важи и за „Министерот“.
Фото: Фејсбук/ Борче Наумовски
Инаку, пејачката речиси секој викенд настапува некаде, а во последно време поприлично е активна и на социјалните мрежи.
Фото: Фејсбук/ Анета Арсовска
Но покрај фотографии од своите настапи, таа неодамна ги изненади сите и со неколку фотки од својот годишен одмор.
По бројните летни настапи, таа при крајот на летото замина во Турција, а како изгледаше додека се опушташе и си ги полнеше батериите во костими за капење, погледнете во продолжение…