Погледнете како познатиот македонски јутубер ја запроси саканата – ПРСТЕНОТ блеска на раката, а идната невеста плаче од среќа!
Познатиот македонски јутбер Стефан Лазаров ја запроси својата девојка на преполниот стадион на Барселона.
Познатиот македонски јутубер Стефан Лазаров веќе долги години е во врска со Марта и важат за совршен пар.
Стефан сега на Инстаграм објави неколку снимки и фотографии со кои ги изненади своите фанови.
Имено, тој заедно со Марта е во Барселона, а емотивното запросувањето се случи на стадионот „Камп ноу“ на шпанскиот фудбалски клуб Барселона.
На Лазаров не му недостасуваше храброст и оригиналност, па тоа го направи на трибините на преполниот стадион. Храброста секако дека му се исплати бидејќи Марта се согласи да се омажи за него, а Стефан беше пресреќен.
Тој призна дека изненадувањето го подготвувал повеќе од месец дена и успеал Марта ништо да не забележи и да не се посомнева во неговата намера.
На последната снимка што ја објавија Марта пушти и солзи понесена од емоциите, а како тие изгледаа, погледнете во продолжение:
Марта се пофали и со прстенот што Стефан и го стави на раката, а откако кажа „да“ следуваше и бакнеж.
Нивното запросување го забележа и екипата што го снимаше натпреварот помеѓу Барса и Елче, па им побараа интервју.
Идната невеста ни на сон не можеше да сонува дека нејзиниот сакан ќе ја запроси токму на ваков начин.
Таа и покрај тоа што не е голема љубителка на фудбалот, отсега секогаш со насмевка ќе ги следи натпреварите на овој стадион.
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров