Погледнете како нашата пејачка го изненади саканиот – архитектот ова нема никогаш да го заборави (фото)
Погледнете и каква торта направи Тамара Тодевска за роденденот на својот сакан

Тие се во врска веќе некое време
Популарната пејачка Тамара Тодевска му приреди вистинско роденденско изненадување на своето момче Лука Радовиќ.
Една од нашите најпознати поп-пејачки, Тамара Тодевска, на социјалните мрежи му го честиташе роденденот на својот сакан.
Таа преку социјалните мрежи му го честиташе роденденот, а објави неколку фотки од прославата во еден познат скопски локал.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Пејачката покажа и како изгледа тортата, но и како славеникот ги дува свеќичките пред да си добие бакнеж од неговата девојка.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Потсетуваме, Тамара и нејзиното помладо момче се во врска веќе некое време, а пред неколку месеци тоа го открија во јавноста.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Од тогаш парот често споделува заеднички фотографии од кои можеме да видиме колку пејачката е среќна кога е со него.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Тамара за оваа посебна пригода носеше фустан во пастелна сина боја, а целото издание го заокружи со црни, високи чизми и голем, кожен ремен во црна боја со кој ја истакна својата половина.
Како Тамара изгледаше во ова свое издание, но и како на своето момче му го разубави роденденот, погледнете во продолжение…