Погледнете како Луна Џогани изгледаше на матурската – фотографијата е хит на социјалните мрежи
Стара фотка од детството на младата пејачка
Поранешната модна блогерка која од неодамна заплови во музичките води не престанува да ја интригира јавноста. По победата во шоуто „Задруга“ таа се уште е во центарот на вниманието, овој пат како поради својата музичка кариера која што ја започна со спот за песната „Деветтиот круг“, така и со нејзината емотивна врска со Марко Миљковиќ.
На социјалните мрежи се уште привлекува внимание со својот изглед, кој неодамна го „освежи“ со силиконски импланти.
Но пред неколку години таа изгледаше многу поразлично.
Тоа можеме да го видиме и од фотографијата што кружи деновиве на социјалните мрежи, а на која младата пејачка на прославата на завршувањето на основното училиште изгледа како друга девојка.
Сепак, нејзините обожаватели коментираат дека и тогаш како и сега го имала истиот заштитен знак – нејзината блескава насмевка.