Погледнете како изгледа семејниот дом на снаата на Цеца – таа покажа и ГЛАМУРОЗНО ИЗДАНИЕ со кое ги воодушеви сите!
Снаата на Цеца е вистинска убавица
Богдана Ражнатовиќ не е многу активна на социјалните мрежи, а откако стана мајка, па и заради епидемијата, ретко ја гледаме.
Очигледно дека убавата сопруга на Вељко Ражнатовиќ не сака многу да се експонира, но секој пат кога ќе се појави е во центарот на вниманието.
Овој пат таа покажа гламурозно издание кое никого не остави рамнодушен. Таа се снимаше во огледало, облечена во црн елегантен фустан, со коса врзана во коњско опавче, и додека се гледаше во огледалото, во еден момент во кадарот се појави и нејзината постара сестра Наташа.
Наташа за разлика од Богдана почесто објавува фотографии на Инстаграм, како и нивната трета сестра Бојана.
Инаку, Богдана има завршено Вишо бизнис училиште, насока финансии и сметководство, а нејзините постари сестри исто така се факултетски образувани.
Пред да го запознае Вељко, Богдана работеше во фирмата на своите родители, каде покрај тоа што беше задолжена за финансиите, немаше проблем и да продава пилиња на пазар со што ги освои симпатиите на многумина.
Таа е вредна девојка, а со нејзиниот сопруг Вељко во моментов живеат во куќата што ја добија од нејзините родители во Тител.
А еве како изгледаат и сестрите на Богдана…