Погледнете како изгледа дворот и бавчата на популарниот македонски пејач во селото од коешто потекнува
Ова е рајот во кој ужива Спасен Сиљаноски, ќе се воодушевите
Пејачот ги воодушеви сите
Македонскиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски покажа како изгледа неговиот двор од соништата.
Пејачот Спасен Сиљаноски на социјалните мрежи покажа како изгледа неговиот вистински мал рај во село Пополжани.
Тој го покажа раскошниот двор и летниковецот, но и големата бавча која се наоѓа во непосредна близина на река Треска. Целото место е зелено и со уредени тревници, дрвја и цветни леи.
Фото: Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
„Еве го летниковчето, сé е напраено, Ливадите се тука, сé си е посадено, и на три метри, добро нека бидат и десет, река Треска“.
Фото: Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
„Е сега се чека овде само друштвото да дојде и да се испечи прасето“, вели Спасен во видеото што го сподели.
Фото: Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Пејачот сподели и едно видео на кое се гледа како се шета со своите шарпланинци, покажувајќи како ужива во својот рај.
Фото: Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Потсетуваме, Спасен никогаш не криел дека му е најубаво кога има време да ужива со семејството во родно Пополжани.
Имено, Пејачот на балканскиот хит Ќе ти дојдам вечер“ во една пригода за Гламур магазин изјави.
Фото: Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
„Времето најчесто го користам за да го поминам со сопругата и со децата. Многу сакам да појдам во селото од каде што потекнувам, да ги видам убавините на моето Кичево , да шетам по Пополжани, да возам велосипед, така се полнам емотивно“.
Фото: Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
„Исто сакам да ги посетам и нашите христијански православни храмови како манастирот Св. Пречиста кој е мојот духовен дом исто и Бигорскиот манастир. Едноставно слободното време го користам за да наполнам батерии бидејќи нашата работа е стресна“, ни откри тогаш Спасен додавајќи дека има и домашен миленик, односно домашно миленичиште.
„Имам шарпланинец, има три години се вика Оскар. Огромен е !“
Фото: Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
„Со педигре. Јас сум љубител на шарпланинци, а го чувам кај моите во Кичево. Во Скопје имам едно маче. Да знаете мачето ви дава многу позитивна енергија, кога сте нервозни само земете го во раце, кога преде ви дава вибрации кои ве смируваат“, изјави тогаш Спасен.
Целото интервју со Спасен, прочитајте го тука…