Португалската фудбалска ѕвезда е во карантин, но сепак се почести со нов автомобил.
Автомобилот вреди повеќе од комплетната колекција што ја има во гаражата, во која има мнооогу скапи автомобили.
Роналдо е еден од десетте среќни луѓе во светот што успеа да го добие новиот Бугати. Цената на целата колекција што ја поседува е над 18 милиони евра.
Во февруари, тој доби мерцедес Mercedes G-Wagon Brabus вреден скоро 700.000 евра од неговата девојка Ѓеоргина.
Сепак, најскапиот миленик во неговата гаража и досега беше исто така Бугати. Моделот „Chiron“ кој го поседува вреди два и пол милиони евра, а „Bugatti Veyron“ два милиони евра.
Покрај тоа што е голем обожавател на Бугати, Роналдо поседува и Ламборџини Авентадор, Ролс-Ројс, Шевролет Камаро, Ферари Ф12 ТДФ, Ренџ Ровер Спорт, Мерцедес АМГ ГЛЕ 63, Мекларен и Бентли Континентал.