Погледнете како изгледа внатрешноста на првиот подводен ресторан во Норвешка
Ресторанот „Андер” се наоѓа на јужниот брег на Норвешка. Тој на своите гости им нуди прилика – додека вечераат, да уживаат во панорамската глетка во подводниот свет на морето.
Половина од ресторанот е под вода, е другиот дел – над површината.
Концептот на ресторанот нуди фиксно мени за дегустација коешто се менува зависно од годишните времиња. Има капацитет од 40 лица, а свеченото отворање е закажано за почетокот на април. Првите шест месеци се целосно резервирани.
За вечера ќе треба да се издвои околу 230 евра, а ако во нарачката е вклучено и вино, цената достигнува и до 400 евра, бидејќи во земјата има висок данок на алкохол.
Ресторанот е фокусиран на сервирање на високо квалитетна храна. Данол Николај Елитгард е главен готвач, а неговиот тим се состои од 16 дополнителни готвачи и асистенти.