Погледнете како изгледаше раскошниот дом во кој живееше Боки 13 пред да заврши во Шутка

Тој иако е сместен во специјалните ќелии во притворското одделение, условите во овој затвор се далеку од нормални.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Но пред да се најде во оваа тешка ситуација и да биде уапсен по налог на Обвинителството за организиран криминал на граничниот премин Богородица, Боки живееше на висока нога. И многумина се чудеа како човек без школо и речиси без конкретно занимање, без трансакциска сметка, која му е блокирана од страна на судовите, и со сомнително минато може да се расфрла со пари на сé и сешто, да отвори телевизија и да живее како милионер.

Во неговиот дом доаѓале бројни познати фаци како од естрадата, така и од политичката сцена, но откако пукна аферата и беше осомничен за изнуда на милионска сума од познат скопски бизнисмен, пари кои ги добил во скапоцена чанта од Луј Витон, сите се оградуваат од него.

ADVERTISEMENT

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Имено, многу ликови денес сакаат да не постојат нивните заеднички фотографии и видеа со „Боки Тредичи“, со кого до вчера беа добри пријатели. А тој сé уште е во Шутка, болен и обвинет за тешко дело, пред сериозен судски процес од кој тешко ќе може да се извлече без последици.

Но пред да му се случи ова, живееше на висока нога во елитната населба во Волково, како вистински господин. Тој не криеше со што располага и не ретко објавуваше фотографии од неговиот дом на социјалните мрежи.

Во неговиот просторен стан се беше уредено со скапоцен мебел, а плакарите му беа полни со скапоцена облека.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Тоа всушност можевме да го видиме и од судењето, кога излезе на виделина се’ што беше запленето во неговиот дом.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Па така деновиве можевме да прочитаме дека првообвинетиот во случајот „Рекет“ во својот дом во скопскиот Орман имал преку 1000 парчиња од најпознатите светски модни куќи и сите при претресот му се одземени од страна на истражителите. Меѓу запленетите предмети има преку педесетина капути (да, да, добро прочитавте!), скапоцени очила, чанти од најпознатите светски дизајнери чија цена се движи и по неколку илјади евра поединечно, гламурозни обувки, па дури и златни мајмуни и вистинска златна круна.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Но покрај скапоцената облека, запленет е и скапоцен мебел, потоа разно-разни украсни фигури, уметнички слики, накит, брошеви, ајфони, шешири… Списокот навистина е долг, а од брендовите застапени се речиси сите позначајни дизајнерски имиња – Гучи, Луј Витон, Версаче, Кристијан Диор, Долче и Габана и многу-многу други.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Пронајдени се и фискални сметки од продавниците на Џани Вераче, Сен Лорен Париз, Барбери, но не и контроверзната чанта со пари од Луј Витон во која Боки, наводно, добил 1 и пол милиони евра од бизнисменот Орце Камчев

Боки во судницата изјави дека од камерата во неговиот дом ќе може да се види каде завршиле парите, па така сега сите со нетрпение го очекуваат рочиштето каде првообвинетиот ќе го има својот завршен збор.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Каде заврши чантата Луј Витон?

Тој и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева се изјаснија како невини, додека третообвинетиот, Зоран Милевски Кичеец, се изјасни за виновен. Тој беше осуден по брза постапка и доби три години, а Боки се уште е во притворското одделение во Шутка.

Кичеец на последното рочиште сведочеше дека Боки 13 бил информиран од Владата дека е пријавен за Рекет. Боки му се јавил и почнал да му вика дека заедно со Јордан Камчев го наместиле, бидејќи разбрал дека Јордан дошол да го пријави случајот во Владата, и дека тој немал ништо со парите.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Имено, според сведочењето на Кичеец, Боки му викал дека Јордан го форсирал да помогне, а потоа го пријавил во Владата.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Ова го покрена прашањето кој од владата го информирал Боки дека против него се води истрага, па сега со нетрпение се очекува да се види од камерите во семејниот дом на Боки каде завршила чантата од Луј Витон, како што тој самиот најави на последното судење за „Рекет“.

Facebook Comments
(Visited 1.819 times, 1 visits today)
Loading...