Пејачката реши малку да се забавува
Познатата пејачка Елена Ристеска не ретко на социјалните мрежи ќе објави по некоја фотографија од која можеме да видиме како се забавува со своите пријателки.
Елена е позната како некој што сака добра забава, а како изгледа нејзината „тајфа“ погледнете во продолжение.
Таа очигледно знае лудо да се забавува со своите другарки за кои мораме да признеме дека изгледаат атрактивно.
На оваа фотографија Елена можеме да ја видиме со нејзини три пријателки со кои ужива во ноќниот живот.
Шармантната Елена освен што ја гледаме во добро женско друштво, во последно време се почесто ја гледаме и во феноменални модни изданија.
На оваа фотографија можеме да ја видиме како позира во елегантно црвено издание што го носеше кога ја освои престижната награда „Дама на годината“.
Инаку, неодамна во некои македонски медиуми беше објавено дека Елена ја „растурила калимерата“ со Тамара Тодевска.
Но откако се појавија овие гласини, се огласи и Елена која ги демантираше истите и потврди дека помеѓу неа и Тамара се’ е во ред и дека се уште се другарки.