Погледнете како еден од најбогатите луѓе во Македонија го прослави роденденот – илјадници евра потроши само за музиката!
За овој човек многумина велат дека знае како да се забавува и да си приреди вистинско уживање.
Бизнисменот и директор на ФОН, Сефер Цановски е доста активен на социјалните мрежи, каде често споделува и семејни фотографии, но и ја информира јавноста за своите бизнис проекти.
Важеше за еден од најпосакуваните ергени во Македонија додека не се ожени со ќерката на некогашниот сопственик на А1 телевизија, Велија Рамковски.
Сефер и Лејла беа скоро 10 години во брак, а плод на нивната љубов се нивните две деца, син и ќерка.
По долги години брак Сефер и Лејла одлучија да се разведат, но тој остана во добри односи и со неа и со нејзиното семејство.
И двајцата си го пронајдоа својот пат.
Лејла започна професионално да се занимава со јога и во моментов е една од најдобрите јога учители во земјава. Изгледа фантастично, а на нејзиното тело може да позавиди секој.
Според некои видеа и фотографии кои може да се видат на социјалните мрежи, таа повеќе не е сама, но никогаш јавно не зборува за своето момче.
За разлика од неа пак, Сефер се ожени со вистинска убавица, Турчинката Сезен.
Кога зборува за Сезен тој секогаш говори со посебен жар во очите, велејќи дека таа е неговата сродна душа.
Тие се сретнале сосема случајно на улиците на Таксим, каде Сефер бил на службено патување.
-Пиев кафе на коридор во 20 милионскиот Истанбул кога се појави пред мене. Се погледнавме очи во очи и во истиот момент и двајцата го почуствувавме истото! И викам, извинете, дали зборувате англиски?, а таа ми се обрати со убав чист англиски јазик, што за Истанбул и Турција е тешко да го најдеш. Но не беше до англискиот…
За прв пат во живот ни се случи љубов на прв поглед. Сезен е најискрената женска личност што сум ја запознал во мојот живот. Германска култура. Турска чесност и почит. И современа жена со широки погледи – откри Сефер во едно свое интервју.
После тоа започнала нивната голема љубов, која трае до ден денес.
Круна на таа љубов се нивните две ќерки Алара и Алја.
Гордите родители често споделуваат нивни фотографии на социјалните мрежи.
Деновиве во нивното семејство имаше олема причина за славење.
Познатиот бизнисмен славеше јубилеен 40 роденден.
По тој повод, како голем хедонист, одлучи да си приреди гламурозна забава на која присуствуваа неговите најблиски роднини и пријатели.
Дел од атмосферата и самиот тој сподели на Фејсбук.
„40 ка. Со моите најдраги. Да сте сите здрави и живи још година 100 Sao roma babo daje“, напиша Сефер во опис на видеото направено на роденденот.
Роденденот го прослави во дворот од својот дом, кој го уреди посебно за таа пригода. Секако, ништо без музика во живо.
Сефер ја имаше таа чест на роденденот да му свири Џамбо Агушев со неговиот бенд, а пејачка беше Тамара Тодевска на чија свадба тој и Лејла беа кумови.
Честитки не престанаа да пристигнуваат.