Погледнете каков фраер си фати поранешната на Огњен Амиџиќ: Данијела најде утеха во прегратките на овој поранешен фудбалер
Тие се заедно околу шест месеци...
Поранешната манекенка Данијела Димитровска, која минатата година се разведе по десет години брак со водителот Огњен Амиџиќ како што пренесуваат медиумите, веќе шест месеци е во врска со шест години помладиот поранешен фудбалер Јеврем Косниќ.
Косниќ е поранешен српски фудбалер роден во Швајцарија, Сент Гален. Играше за помладите категории на Црвена звезда, а сениорската кариера ја започна во ФК Рад, пред да се пресели во ФК Бежањи. Фудбалскиот пат потоа го однесе во Италија, каде играше за Реџина, се врати една сезона и играше за Војводина, играше и за романскиот клуб Клуж, а кариерата ја заврши во Италија во Торанто пред три години, во 2020 година.
Неговиот најголем трансфер изнесуваше 300.000 евра и тоа на почетокот, додека во кариерата заработи вкупно околу 3.000.000 евра. Откако ги остави копачките, се сврте кон приватниот бизнис.
Да потсетиме, во медиумите на големо се шушкаше дека главна причина за разводот на Данијела и Огњен кој го имаат синот Матија, е неговата сегашна девојка Мина.
Наводно таа го терала водителот да се разведе од поранешната манекенка, па сега откако се заедно го наговорила и да се ослободи од сите работи кои го потсетуваат на поранешната.