Алачки е горда на својот син, но и на новата снаа
Фолк пејачката Адријана Алачки има многу причини и на приватен план да е многу среќна и задоволна.
Синот на познатата фолк пејачка и водителка на кулинарската емисија „Вкусот на Традицијата“, Адријана Алачки, Благоја Алачки, реши да скокне во тавче.
Тој пред неколку дена ја запроси својата девојка Лина, а радосните вести најпрво ги сподели новопечената свекрва на социјалните мрежи.
Пејачката покрај тоа што ја има својата ќерка Грациела која и ја подари внуката Јана, таа има и 25 годишен син.
Благоја е правник по професија како и неговата девојка Лина Киркова која има магистратура на правниот факултет.
Еве што им порача таа преку Фејсбук:
„Тоа се тие моменти за кои живееме, кои ни даваат смисла на животот, тоа е ерупција од емоции…како што приличи со сите нишани…“ пишува среќната свекрва и додаде:
„Да им е вечна љубовта, да имаат убав збор еден за друг, семејството да им биде столбот, слогата да им е секојдневие. Да бидат добар пример на своето поколение, како огледало да се огледуваат еден во друг, да им е полна куќата со дечиња. Честитки деца мои златни“, напиша Алачки со фотографија на која се гледа свршеничкиот прстен.
Таа е горда на неговиот избор и со снаата очигледно има одличен однос, а како таа изгледа погледнете во продолжение.
Инаку, Алачки децата ги доби од бракот со познатиот хармоникаш Горан Алачки со кого и покрај тоа што се разведени, остана во одлични односи.
Алачки не ретко објавува фотографии од своите деца, но и од внуката Јана која оваа година наполни пет години.
Познатата водителка и пејачка е горда на своите деца, а во една пригода за својата ќерка ќе напише:
„Граци сине, ти си мојата причина за среќа и за постоење. Ти си мојот најголем успех. Доаѓам во состојба, од она тоа што си ТИ денес: човек, мајка, сопруга, реализирана професионално, да учам јас од тебе сине. Си ги препознавам моите успеси и грешки следејќи те тебе како мајка, како жена, со сите вредности. Можам да кажам со еден збор, ти благодарам ќерко моја што со крената глава одам секаде.“
„Ти си мојот образ и чистина. Да си ми здрава и жива и биди среќна бескрајно со твојот пород и семејство“ напиша Адријана тогаш на Фејсбук.
Погледнете уште неколку објави на познатата водителка од нејзиниот профил на социјалните мрежи…