Погледнете каква убавица е внуката на Амди Бајрам – изгледа како ВИСТИНСКА ПРИНЦЕЗА, носи само скапа облека!
Од денес имаме нова модна икона
И тоа не било каква, туку млада дама, Перјан Бајрам, која му е внука на еден од нашите најконтроверзни поранешни политичари и која на своите фотографии изгледа како вистинска принцеза.
Во прашање е внуката на поранешниот пратеник Амди Бајрам, Перјан, која деновиве застана на лудиот камен и се заколна на вечна љубов на својот избраник Мекдедир. Но нивната свадба предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, не толку заради раскошот и гламурот, колку заради тоа што беше организирана на Босфорот и тоа кога во Македонија секојдневно бројките со новозаразените со опасниот корона вирус рапидно се зголемуваат.
Но Амди немаше да биде Амди ако не го „надмудреше“ законот, а свадбата излезе попопуларна и од турските серии.
„Свадбата е откажана, гостите се известени. Ќе чекаме да дојдат подобри времиња, не сакаме да биде загрозено ничие здравје“ изјави Амди пред само неколку дена во разговор за весникот Фокус. Тој тогаш на сите оние кои се загрижија за свадбата им порача дека напразно се реагираше, и дека во никој случај не би ја прекршил забраната. Тој тоа всушност и го направи, едноставно дислоцирајќи го целиот настан на место каде што нема да биде во судир со законот.
Како и да е, раскошната ромска свадба гордиот дедо ја организираше на брод на Босфорот, а како изгледаше невестата, погледнете во продолжение.
Таа на своето момче минатиот септември му се заколна на вечна љубов, кога се свршија и кога исто така имаше гламурозна забава со голем број гости, музичари и неколку раскошни тоалети што Перјан ги носеше.
Но тоа беше само веридба, а свадба си е свадба, а семејството на поранешниот политичар не можеше да чека.
Инаку, Перјан е млада девојка која го носи името на сопругата на Амди Бајрам. Таа на социјалните мрежи редовно објавува фотографии од кои можеме да видиме дека живее на висока нога, но и дека има одлично чувство за мода. Каков стил фура и како изгледа, погледнете во продолжение.