Погледнете добро: Медицинска сестра ги извади маската и визирот откако излезе од интензивна нега, оваа глетка покажува зошто заштитните мерки се многу важни
Борбата со коронавирусот не престанува, а медицинските работници се неуморни. Од цел свет пристигнуваат фотографии од лицата со лузни после повеќе часовното носење маски и визири.
Серијата фотографии на лицата на медицинските сестри по вадењето на маските и визирите се направени на одделението за интензивна нега во болницата во Порто Алегро во Бразил.
Пред фотографот застана медицинската сестра Џанајна Џејмс (47) носејќи заштитна маска и визир. Фотографирањето е направено на пауза после која таа се упати на одделението за интензивна нега. Кога ги извади маската и визирот нејзиното лице изгледа вака:
Лицето после симнувањето на маската го покажа и нејзината колешка Џесика Мартинез (29).
Медицинските сестри од Бразил како и нивните колешки од останатите земји зафатени од коронавирус, сакаат со ваквите слики да апелираа на сите да се придржуваат до мерките меѓу кои се и носењето маски зошто капацитетите на здравствените системи не можат да го издржат притисокот кој го создаде пандемијата.
Еве како изгледа без маска и 21- годишната медицинска сестра од Бразил, Мајара Колин.
Нејзината колешка Андреза Верл е само четири години постара од неа и лузните на лицето од маските се дел од нејзианта борба.
И Тамирес Пачинини (31) несебично им помага на пациентите заболени од ковид-19 во Бразил.