Познатата пејачка не ги заборава и домашните дизајнери
Иако Јелена Карлеуша најчесто можеме да ја видиме во скапоцени креации на најпознатите светски дизајнери, таа мошне ги цени и дизајнерите и брендовите од овие простори кои создаваат мода која е достојна да застане рамо до рамо со најпознатите брендови.
Таа деновиве доби преубава чанта од брендот „Mihano Momosa“ од колекцијата „Bridal 2019“. Во прашање е релативно нов моден бренд зад кој стои младиот српски моден креатор Михаило Анушиќ.
Воодушевена од спцеијалниот подарок Јелена веднаш се пофали на Инстаграм. „Се заљубив. А уште не ми е роденден! Така е, јас сум супердевојка а супердевојките летаат! Ти благодарам мој пријателе, Михано Момоса, ти заслужуваш светска слава, порача пејачката.
https://www.instagram.com/p/B08N2qQBWTE/?utm_source=ig_embed
Инаку, малата чантичка во нежна розова нијанса навистина изгледа симпатично и преставува совршен моден додаток.