Повеќе не можеше да ја издржи тортурата од Меган Маркл, па со солзи на очите МОРАШЕ да си замине од кралската палата

39-годишната Мелиса Тубати беше лична асистентка кај Меган Маркл која даде отказ откако се расплака поради големите барања на војвотката.

Мелиса за Меган работеше само шест месеци но не можеше да издржи повеќе. Пред да биде ангажирана во кралското семејство, Тубати некое време работеше за познатиот пејач Роби Вилијамс.

ADVERTISEMENT

Но и покрај тоа што точната причина за отказот се уште не е позната, Меган и Мелиса се разделија набргу откако во јавноста протече информацијата дека Меган не се однесува добро кон послугата, пишуваат странските медиуми.

Таа постојано работеше под притисок и повеќе не можеше да издржи. Сето тоа беше премногу за неа. Меган и даваше премногу обврски што многупати ја доведуваше до солзи. Мелиса беше навистина талентирана и одигра значајна улога на кралската свадба. Ќе им недостасува на сите во Кенсингтонската палата ” рече извор близок до кралското семејство, а пренесе „Дејли меил“.

Британските медиуми неодамна пишуваа дека Меган се однесува како диктатор во дворот, дека е неодговорна кон послугата и дека им испраќала електронски пораки и тоа во раните утрински часови. Исто така, војвотката од Сасекс, наводно, на денот на нејзината свадба се испокарала и со Кејт Мидлтон, која исто така ја расплакала.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed