Повеќе нема надеж за 28-годишниот фудбалер Емилијано Сала – идентификувано телото пронајдено во авионот е негово

Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала трагично го загуби животот во авионската несреќа при летот за Кардиф, каде требаше да биде промовиран како ново засилување на англискиот премиерлигаш.

Нема надеж за Емилијанo Сала

За жал, телото кое е пронајдено во авионот две недели по неговото исчезнување беше идентификувано како телото на Емилиано, 28 годишниот аргентински фудбалер кој само неколку дена пред трагичното исчезнување потпиша за фудбалскиот клуб „Кардиф Сити“.

ADVERTISEMENT

Неговото тело е идентификувано откако беше извлечено од остатоците на паднатиот авион на дното од морето, во текот на вчерашниот ден. Британските медиуми потврдија дека се познати деталите од аутопсијата и за тоа веќе е известено семејството на Сала.

View this post on Instagram

Win win win 🔥⚽️🔰 @fcnantes #vamosqvamos

A post shared by Emiliano Sala (@emilianosala9) on

 

Повеќе од една седмица траеше потрагата по исчезнатиот авион. Кобниот лет го стресе фудбалскиот свет, долго време немаше никаква трага од малиот приватен авион со кој Емилијано Сала и пилотот Иботсон требаше да пристигнат во Кардиф. За жал, тоа никогаш не се случи.

Кардиф се заканува со тужба

Во изминатите неколку дена, многу фудбалери се простуваат од Сала, како и клубови од различни лиги. По оваа трагедија настанаа пробелми меѓу Нант, каде Сала играше до јануари, од кои Кардиф, бара надомест на штета од 17 милиони евра и се заканува со тужба.

 

Facebook Comments
(Visited 1.357 times, 1 visits today)