„Побрзајте, ќе ми го убие мажот“: Од тераса гледала како непозната жена го боде со нож нејзиниот сопругот

Грчката полиција го истражува случајот
Маж (43) утрово е брутално убиен на улица во Халкиди, Грција, а неговата сопруга од тераса го следела злосторството.
Несреќниот маж бил нападнат од непозната жена (38) кога влегувал во својот автомобил. Го прободела четири пати во грбот.
Се се случило околу 8 часот, пред очите на неговата сопруга

Фото Викимедиа
„Побрзајте, ќе го убие мојот сопруг“, рекла таа кога повикала полиција.
Полицијата ја пронашла жртвата во локва крв, со сечило кое му излегувало од телото, додека другиот крвав нож бил во близина на возилото.
Осомничената за убиството била уапсена на лице место, бидејќи недалеку од убиениот ја чекала полицијата, а облеката и била извалкана со крв.
Најверојатно нерасчистени љубовни врски се мотивот за ова убиство.
Истрагата е во тек.




