Победничката од украинскиот Суперталент од пред 10 години настапи повторно и ги воодушеви сите со својот неверојатен талент
Талентираниот уметник кој победи на украинскиот Суперталент пред 10 години, ги израдува судиите и публиката во шоуто „America’s Got Talent: The Champions“ што се емитуваше во понеделникот вечерта.
33-годишната Ксенија Симонова од Украина раскажува приказна за едно момче кое израснало во уметник и ги заборавило неговите родители, со серија неверојатни цртежи на песокот.
Мајката на две деца која победи во шоуто за таленти во Украина во 2009 година, која беше пријавена од нејзиниот сопруг без нејзино знаење, рече дека го сакала цртањето додека растела но кога го пронашла песокот, го опиша тој момент како да ја нашла својата „втора рака”.
„Јас прв пат сум во Америка”, откри таа пред шоуто.
„Ја претставувам Украина тука и сакам да покажам дека ова е прекрасно место за уметност”, додаде таа.
Последната сцена од нејзината генијална изведба во шоуто го покажува момчето на почетокот како возрасен, жалејќи поради загубата на неговите родители.
„Не смеете да задоцните”, пишува таа во песокот.
https://www.youtube.com/watch?v=zvA3GgRbJIg
За нејзината изведба, добил големи аплауз, а Тери Круз ѝ дала златно копче. Ксенија не можеше да поверува дека го освои златното копче, а публиката ја награди со уште поголем аплауз. „Вие го заслужувате тоа”, ѝ рекоа од жирито.
„Според мое мислење, вие сте еден од најдобрите конкуренти што ги имавме во текот на годините од целиот свет”, рече Симон Ковел, на што се согласи Мел Б, која сите околу неа ги нарече брилијантни.
https://www.youtube.com/watch?v=eeuUE6XWhV8
Видеото стана хит на Интернет, и само на официјалниот Јутјуб канал го видоа повеќе од 2 милиони луѓе, а некои од нив коментираа дека е нереално и неверојатно, и признаа дека на нејзината приказна плачеле.
Финалето на шоуто ќе се одржи на 11-ти февруари.