Победи во „Ѕвездите на Гранд“, па ја запали Струмица – погледнете како ја пречекаа во родниот град
Младата пејачка откри и каде би сакала да живее откако ќе ги заврши студиите по медицина во Софија
„Верувам дека сите се горди на мене и се надевам дека како единствена Македонка ја преставувам својата земја на најдобар начин“, изјави победничката во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија, Славица Ангелова, за во интервју за „Гранд.онлајн“.
Победничката во „Ѕвездите на Гранд“, Славица Ангелова, вчера имаше одличен настап со својата екипа во Струмица.
Таа се појави во оверсајз сако и широки панталони од истиот материјал, а публиката воодушевено ги пееше песните со неа.
На концертот беше и нејзиниот ментор од шоуто, Ѓорѓе Давид, а градоначалникот Коста Костадинов објави заедничка фотка со нив.
Инаку, Славица само еден ден претходно пред камерите на Гранд се заблагодари на поддршката што ја добива од својата родна земја.
Славица со својот ментор во автомобилот на градоначалникот
„Верувам дека сите се горди на мене и се надевам дека како единствена Македонка ја преставувам својата земја на најдобар начин“, го започна шармантната пејачка својот разговор за „Гранд.онлајн“, а потоа пред гледачите ги откри и плановите што ги има по завршувањето и победата во шоуто.
„Се надевам дека песните што ќе ги правам ќе бидат квалитетни и дека публиката ќе ги прифати“, изјави Славица.
Таа исто така откри дека најпрво сака да ги заврши студиите во Софија, а потоа да дојде во Белград на специјализација.
Би сакала тука да живеам бидејќи во Белград навистина ми е преубаво, откри Славица во споменатата емисија.
Целото интервју погледнете го во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова