Реклама
Секс

Писателот и сликарот Момо Капор и неговиот генијален опис за раскинувањето: „По љубовта остануваат други луѓе и други жени. После љубовта не останува ништо“

Реклама

Момо Капор е познат српски писател и сликар. Тој остави бројни дела зад себе, а едно од нив е „Уна”,  по кое беше снимен филм по режисерска палка на Милош Радивојевиќ.

Љубовта на професорот Мишел Бабиќ и неговата ученичка Уна Војводиќ беше полна со страст и патување.

Маркетинг

Сепак, Капор оваа приказна сакаше да ја направи со несреќен крај. Токму во тој момент се појавува еднo од најубавите нешта кои се случуваат по раскинувањето.

„Тоа ли е сè што останува од љубовта? И што воопшто останува после неа?

Маркетинг

Телефонскиот број кој полeка бледее во сеќавањето.

Чаши со гравирани монограми украдени од некој ресторан.

После љубовта останува навиката белото вино да се сипа во две чаши а линиите да бидат на иста висина.

После љубовта останува една празна маса во кафана и зачудениот поглед на келнерот што нè гледа со други.

После љубовта останува реченицата „Убаво изгледаш, воопшто не си се променила“

и

„Јави се понекогаш, ми го имаш бројот“

И некои бројки од студентски соби во кои сме спиеле остануваат после љубовта.

После љубовта остануваат темните улици по кои се враќавме после љубовта.

Остануваат мелодиите од радио кои полека излегуваат од мода.

Остануваат знаците од љубовните шифри: „Ако ме сакаш започни го утрешното предавање со три збора кои ќе ги имаат почетните букви од моето име“. Влезе во амфитеатарот и рече: „У Нашата Авангарда…“.

После љубовта останува твојата страна од постелата и стравот дека некој ненадејно ќе наиде. Клак – спуштена слушалка кога ќе се јави туѓ глас. Илјада и една лага.

После љубовта останува реченицата која како дух талка по собата: „Јас сум прва за купатило!“ – и прашањето: „А нема заедно?“

Овојпат не.

После љубовта остануваат соучесници: чувари на тајните кои веќе не се никакви тајни.

Преполни пепељари и празно срце. Навиката да се палат две цигари иако нема никого во близина. Фотографии снимени по автомати, таксисти кои никогаш не нè сакаа.

После љубовта останува повредена суета.

Метален вкус на промашеност во устата.

После љубовта остануваат други луѓе и други жени.

После љубовта не останува ништо.

Момо Капор, Уна

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button