Реклама
Наши ѕвезди

Пејачот Јордан Митев ја покажа ќерката Кристина – ова е НАЈУБАВОТО НЕШТО што ќе го видите денес

Фотографијата на која познатиот пејач го држи бебето во рацете никого нема да остави рамнодушен

Реклама

Пејачот ги воодушеви сите

Познатиот македонски фолк-пеја Јордан Митев при крај на минатата година за прв пат се оствари во улога на татко.

Веста дека неговата сопруга е бремена ексклузивно ја откри неколку месеци претходно специјално за Гламур магазин, а сега познатиот пејач повторно ги израдува своите верни обожаватели.

Маркетинг

Фејсбук/ Јордан Митев

Имено, Јордан сега ја покажа својата наследничка пред следбениците и тоа додека се бања со неа во Охридското Езеро.

Маркетинг

Пејачот кој на своите профили најчесто ги споделува своите песни, сега покажа како ужива со својата мала принцезичка.

Фејсбук/ Јордан Митев

Потсетуваме, Јордан Митев неодамна за Гламур откри како се снаоѓа во улога на татко, но и како го избрале името за својата ќерка.

„Тоа е едно неописливо чувство, момент на измешани емоции кога во раце држете една душичка која е создадена од вас“, изјави тогаш пејачот, а потоа откри и како решиле да и го дадат убавото име Кристина.

Фејсбук/ Јордан Митев

„Името Кристина беше повеќе желба на сопругата бидејќи кога ја крстиле Славица тоа било избор на нејзините родители а во предлозите за нејзино име било и името Кристина. Почувствував дека на некој начин тоа и било голема желба бидејќи знаеше така од време на време да ми го спомне името Кристина. Затоа сакав да и се исполни желбата. Секако и за мене тоа е убаво женско име со големо христијанско значење“, изјави тогаш Јордан Митев за Гламур магазин.

Бонус видео

Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ

Русокосата Барбара во рајот

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button