Реклама
Наши ѕвезди

Пејачот Спасен Силјановски СЕ РАСПЛАКА среде емисија: „Ќе ми простите, емоциите си го прават своето“

Реклама

Македонскиот фолк пејач Спасен Силјановски и покрај тоа што е извонреден пејач, тој е познат и како композитор.

ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук

Спасен зад себе имаше навистина бурна година.

Вирусот Ковид 19 не ги одмина македонските музички ѕвезди, а некои од нив за жал и ја изгубија битката.

Маркетинг

Спасен е доста активен на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од своето семејство и од работите кои ги прави во слободно време.

ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук

Мора да се признае дека пејачо умее да биде и доста романтичен, а тоа се гледа од фотографиите кои ги објавува од неговта сопруг која е вистинска убавица. За неа секогаш пишува емотивни пораки.

Маркетинг

Спасен и Ана пред седум години се заколнаа пред Бога на вечна љубов во манастирот Света Богородица Пречиста, а на свадбата пееја колегите на Спасен – Дарко Стојаноски, Орце Стефкоски, Благица Калева и групата „Модус“.

ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук

Нивните деца имаат пет и седум години, а како што самиот вели, најголемата поддршка ја добива од својата убава сопруга.

Но тој не крие дека таа понекогаш знае да биде и љубоморна, но во нормални граници, а во интервју за „Вечер.пресс“ отворено зборуваше и а тоа дека семејството за него го претставува клучниот фактор за успех.

Тој со своите фанови на Фејсук сподели и дека е позитивен на вирусот Ковид 19 и откри како му поминале деновите во изолација.

ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук

Од срце ви благодарам на сите вас кои несебично ми ја дававте вашата поддршка и ви посакувам беспрекорно многу здравје.

„Им посакувам здравје и на оние кои го посакуваа мојот трaгичен крај но Спасен Сиљаноски е Лав и се бори до крај така да не им се исполни желбата но ќе кажам само едно “Простиим Господе незнаат што прават”.

Ќе ми извините сите но најголемото БЛАГОДАРАМ ќе го дадам на мојата сопруга затоа што иако знаеќи дека може да се зaрази од мене сепак не ме остави сам ниту една секунда“, напиша пејачот.

ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук

Тој вели дека во времето поминато во изолација успеал да извлече и поука.

„Научив кои ми се вистински роднини, другари, пријатели, колеги, а научив и кој се лицемери и лажни ликови кои се плеткаат во мојот живот само од личен интерес, таквите за моја среќа, а нивна несреќа ќе ги оттргнам од мојот радиус….

Иако прилично лесно се справив со болеста и со лесна физичка болка сепак имаше една друга болка многу потешка од ковид-19,а тоа беше моментот кога не смеев да си ги гушнам дечињата. Во една прилика ми рекоа: “Тато зошто не сакаш да се гушкаме и зошто не спиеш со нас? ти повеќе не не сакаш” .Си отидоа од мојата соба плачеќи, тие плачат на глас, а јас затворен плачам сам и душата ме боли неможеќи да им објснам зошто е тоа такa. Сепак има Господ и на крај нештата си дојдоа на свое место.

Уште еднаш ви БЛАГОДАРАМ БЛАГОДАРАМ БЛАГОДАРАМ !!!

ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук

п.с. Ветувам дека стојам на располагање 24/7 да ја донирам мојата крвна плазма за НЕДАЈ БОЖЕ доколку на некој му е потребна без разлика на вера, нација, боја, бидеќи секој живот подеднакво е важен….Ве сака вашиот Спасен Сиљаноски и ви ветувам дека наскоро ќе ве почестам со еден нов хит“, откри пејачот.

ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук

И нормално, ветено-сторено. Тој повторно ѝ се врати на музиката, а на Фејсбук се пофали дека конечно имал можност да запее.

„Конечно микрофон после 8 месеци, конечно да се почувствувам жив, конечно дишам…Ова општество ни наби комплекс на ниска вредност, не направи да се чувствуваме бескорисни, непродуктивни покрај талентот кој неспорно го поседуваме… Музиката е живот“ напиша тој на Фејсбук

ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук

Спасен потекнува од с.Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија. На 4 години веќе чисто и целосно ја пеел познатата песна „Крушево абер пристигна“, а на својот шести роденден ја добива првата хармоника, која и до денес ја чува како сувенир.

Тој е многу приврзан и за својата мајка, Јагода, која најчесто ги пишува текстовите за неговите песни.

ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук

Деновиве сподели снимк од негова изведба а песна која неговата мајка ја има напишано за друг пејач. Оваа снимка нарзо доби многу прегледи. На пејачот кој не можејќи да ги задржи емоциите додека ја пееше песната „Мајка“, од почетокот до крајот на изведбата му течеа солзи.

ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук

„Ќе ми простите што ја пејам со треперлив глас но емоциите си го прават своето….Оваа песна мислам дека е една од најемотивните и најубавите која ја имаме создадено со мојата мајка…за жал не беше ксмет да извадам јас студиска снимка. Прв пат ја изведувам во живо во емисијата “Имат Немат” во придружба на група “Чардак”….Ви ја посветувам на сите вас драги пријатели и љубители на Македонската музика, на сите вас кои знаете што значи зборот МАЈКА ,а посебно за мојот драг другар Bosko Karadakoski“, напиша тој на Фејсбук.

ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук

Песната е прекрасна и навистина буди емоции кај секој од нас.

Инаку покрај музиката, за Спасе и спортот преставува голема страст, како и возењето мотори, што можеме да видиме и од фотографиите во продолжение.

ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button