Пејачот си ја отвори душата за сопругата по нејзиниот мозочен удар. Тони Цетински: „Таа ми го спаси животот“

Познатиот хрватски пејач Тони Цетински откри дека неговата сопруга Дубравка се чувствува добро по мозочниот удар што го преживеа пред неколку недели.

Тони Цетински одржа концерт на стадионот Ташмајден во Белград го посвети на својата сопруга Дубравка, која пред неколку недели имаше мозочен удар. Таа сега се чувствува подобро, но не може да присуствува на самиот настан.

ADVERTISEMENT

„Мојата сопруга имаше мозочен удар, но сега е во ред“, ја започна пејачот приказната пред концертот.

„За жал, не можеше да присуствува на настапот поради бучавата и рефлекторите, но затоа е на сто метри воздушна линија во блискиот хотел. Така да низ отворениот прозор го слушаше целиот концерт“, објасни пејачот.

Неговата сопруга пред неколку недели доживеа мозочен удар во нивниот семеен дом во Истра.

Тони веднаш се јавил во Брза помош и неговата поубава половина веднаш ја добила целата потребна медицинска помош и на тој начин и го спасил животот. Таа по интервенцијата се огласи на Инстаграм и му се заблагодари на Тони, порачувајќи му дека сега се нерешено.

Потоа хрватскиот пејач за Блиц.рс објасни дека тоа се однесувало на еден процес низ кој минувал во последните шест години. Неговата сопруга целото време била покрај него, и со тоа на некој начин и таа му го спасила животот.

„Сега сме одлично. Само нека е сé како што треба, само нека е жива и здрава, другото сé ќе биде лесно“, изјави пејачот.

Facebook Comments
(Visited 125 times, 1 visits today)