Пејачот од Македонија што ги расплака сите во „Ѕвездите на Гранд“ – погледнете го неговиот нов настап и што му порача Цеца!
Младиот пејач од Скопје, Бојан Илиевски (22), оваа сабота во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапи во дуел со Анма Јусиќ (20) од тимот на Марија Шерифовиќ.
Шармантниот пејач од Македонија кој е во тимот на Цеца Ражнатовиќ, за првиот круг ја избра песната „Милица“, а за време на изведбата на истата доби гласови од Снежана Ѓуришиќ и Вики Миљковиќ.
Но тој до крајот успеа да освои само уште еден глас, така што во следниот круг директно се пласираше Анма.
„Бојан првата песна многу убаво ја испеа, има некој сет во гласот што ми се допаѓа, заклучи пејачката Вики Миљковиќ, по што својот коментар го даде и Снежана Ѓуришиќ.
„Беа изедначени. Првата песна и кај двајцата беше многу добра, додека во втората многу лошо. Амна лошо ја пееше песната на Ана, тоа не ми се допадна“, а потоа коментираше и пејачката Ана Бекута која кажа дека на Бојан му дала предност токму зарад првата песна.
Од друга страна Мили изјави дека не забележал грешки кај кандидатите како останатите членови на жирито.
„На мене и двајцата ми беа добри. Македонците се добри во тие традиционални песни“, коментираше Мили, а потоа забележа и дека на подиумот остана дел од фустанот на убавата водителка, нешто што очигледно не помина незабележано.
„Сања, дали тоа градникот ти падна? Не? Штета! Падна нешто, си помислив да не е нешто важно – се пошегува Мили, потоа излезе дека на подиумот завршила ракавицата на Кужет.
На крајот се огласи и Цеца, менторката на македонскиот кандидат, која му го порача следново:
„Бојан, првата песна беше навистина за десетка. Ако поминеш во следниот круг, што јас искрено се надевам, нема повеќе Шабан и твои импровизации, нема, нема. Сега те пуштив бидејќи е втор круг, но од сега јас ќе ти ги избирам песните“, му кажа Цеца на својот кандидат.
Бојан потоа настапи и во баражот, каде главниот збор го има Саша Поповиќ, и успеа да помине за следниот круг.
Инаку, Бојан во претходниот круг ги освои сите со својот глас, но и трогна многумина со неговата животна приказна.
Тој и тогаш во шоуто беше дојден со својата баба која пред публиката и жирито откри дека Бојан нема ни татко ни мајка.
„Јас сум му баба од страната на мајка му. Тој нема ни татко ни мајка, јас сум му единствената поддршка. Му починаа и таткото и мајката, изјави тогаш неговата баба која не можеше да ги сопре солзите.
„Во тој момент му беше тешко и на Бојан кого исто така го совладаа емоциите, па утеха му беше водителката.
„Храбро момче, секоја чест. Вака требаше да се издржи, но ова е заслужено, во тоа не се сомневам“, му порача таа, по што следуваше громогласен аплауз како од жирито така и од публиката.
Ова беше еден од најемотивните моменти во историјата на шоуто, а кога Бојан ја избра Цеца за своја менторка, тогаш и таа беше погодена од целата ситуација.
„И на Цеца и тргнаа солзите, не е лесно, не е едноставно. Специфична е ситуацијата, но Бојан, види, ‘Ѕвездите на Гранд’ се едно големо семејство, според тоа доби едно големо семејство, многу пријатели, труди се и ту честитаме што помина во вториот круг“, изјави тогаш Поповиќ кој сега, во баражот, му дозволи на Бојан да помине и со тоа му даде шанса повторно да се појави во следниот круг.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Настапот на Бојан е некаде по 1.50 минути…