Пејачот од Македонија тажен што испадна од шоуто – НЕПРАВДИ СЕ СЛУЧУВААТ, вели Омар на Инстаграм
„Горд сум на тебе до небото! Ти си пеачиште. Само што започнавме, Омар!“ му порача неговиот ментор

Младиот пејач од Македонија, Омар Џеферовски, немаше среќа во последната емисија од музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, Џаферовски настапи во дуел со Мирза Пандур кој исто така беше генијален, а откако и двајцата освоија ист број на гласови, на крај пресудија нијансите, па Омар заврши во бараж.
Но и покрај тоа што беше брилијантен во сите свои настапи во текот на емисијата Саша Поповиќ на крај одлучи тој да го напушти шоуто.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Поточно така одлучи ждрепката, затоа што креативниот директор на Гранд не можеше да избере кој од кандидатите што беа во баражот да помине во четвртфиналето, а кој да испадне од шоуто.
Па така Омар немаше среќа и го напушти шоуто, а од неговите објави на социјалните мрежи може да се види дека навистина му е жал. Пејачот истовремено добива поддршка од голем број фанови и тоа не само од нашата земја, туку од секаде каде што се гледа емисијата, а многумина го критикуваат Поповиќ што одлуката ја донесе на овој начин.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Но талентираниот Омар не се откажува и ќе продолжи со својата музичка приказна, а тоа го најави и со следниот пост.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Ајде да ја искористам сликава да напишам нешто кратко, напиша тој под една своја фотографија, па го додаде и следново:
„Дечки нема да навлегувам во темата сите што ме следите знаете дека натпреварот во Ѕвездите на Гранд во осмина финале односно 11 круг за мене заврши. Уште не ми е верно колкава фама се крена и колкава поддршка добив од целиот регион, а најмногу од моите Македонци. Неправди се случуваат…Фала ви за секој коментар, стори и порака која што ја добив. За мене најбитна е вашата поддршката. Ве сакам премногу. Следат многу кавери и проекти заедно со моите Сигна бенд“, напиша Омар, а потоа посебно му се заблагодари на менторот.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Џоле, ти благодарам на посветеноста и што издржа да не ме убиеш за време на пробите. Најдобар си“, напиша Џаферовски, а рокер веднаш му одговори и ги воодушеви нивните заеднички фанови:
„Горд сум на тебе до небото! Ти си пеачиште. Само што започнавме, Омар!“ напиша Ѓорѓе под неговата објава.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Како звучеше шармантниот Омар на својот последен настап во емисијата, погледнете во продолжение…