Пејачот на Аеросмит сега е свештеник – еве колку ќе треба да му платите ако сакате да ве венча

Пејачот Стивен Тејлор сега може да склопува бракови и да објавува и други ритуали, а минатиот викенд го венчаше својот син со неговата свршеничка.

Фронтменот на култниот рок бенд Аеросмит стана свештеник. Тој заврши курс во црковната заедница „Universal Life Church Monastery“ која можат да ја посетуваат лица од различни култури и вероисповеди, пренесува Ultimateclassicrock. Откако го завршил курсот, кој го платил околу 4000 денари, добил сертификат, а минатиот викенд го венчаше својот син Тај Тејлор и неговата избраничка.

ADVERTISEMENT

„Го оженив синот за прекрасна девојка. Можам и да ги проширам клиентите и да продолжам да изведувам обреди и надвор од моето семејство, но очекувам и да ми биде платено за тоа. Еве, за некои 200 илјади долари можеме да се договориме“, изјави тој за медиумите.

 

Аеросмит својата 50 годишнина ќе ја прослави со низа настапи во Лас Вегас, а турнејата ќе ја започнат во април следната година. Иако нивниот последен албум се појави во 2012 година, гитаристот Џо Пери се осврна и на евентуалната работа на нов албум.

 

 

 

„Би сакале да објавиме нов материјал, но има и многу песни кои не сме ги свиреле долго време, но и такви кои никогаш не сме ги свиреле. Сето тоа сакаме да го земеме во предвид кога е во прашање новиот албум. Разберете не, постојано се прашуваме која е целта на сето тоа. Имаме толку многу песни што сме ги напишале и ги сакаме, а никој досега ги нема слушнато во живо“ изјави тој и додаде дека не исклучува ниту една можност.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed