Пејачка се расплака во „Ѕвездите на Гранд“, но тоа не и помогна – разочарувањето беше преголемо, си замина тажна!
Младата пејачка потполно се растажи на сцената во „Ѕвездите на Гранд“, па заплака на рамото на Сања Кужет.
Марија Шерифовиќ сакаше да дознае дали младата натпреварувачка се занимава со пеење, но остана без одговор затоа што таа се гушеше од солзи…
Шармантната Црногорка Анџела Муришиќ (21) беше една од натпреварувачките во „Ѕвездите на Гранд“ која на грандиозната сцена доживеа разочарување.
Но уште кога започна да ги пее првите стихови, жирито беше едногласно – Марија Шерифовиќ ги викна и останатите да го стиснат копчето за паника, бидејќи нејзиното пеење не ги исполни нивните критериуми.
Шерифовиќ сакаше да дознае дали Анџела се занимава со пеење, но остана без одговор затоа што таа се гушеше од солзи.
„Ништо, ти си готова. Оди вежбај па врати се“, и порача популарната пејачка на натпреварувачката од Црна Гора.
Анџела иако сметаше дека со следната нумера подобро ќе се претстави, повторно не доби ниту еден глас.
„Не вреди, по копчето за паника не вреди. Прво затоа што таа сега е под стрес и не може да си дојде при себе. Затоа дајте и еден аплауз“, изјави Саша Поповиќ кој не можеше да остане имун на нејзините солзи.
„Не треба да си разочарана, работи на твојата самодоверба и не дозволувај тремата да те оди. Излезе преубава и храбра, не успеа, но следниот пат ќе биде“ – ја посоветува Александар Милиќ Мили.
Но и покрај поддршката што ја доби од жирито натпреварувачката и понатаму стоеше немо на сцената и одвај прошепоти дека сака уште еднаш да проба.
И повторно не дојде до промена на одлуката на жирито, па Анџела тажно ја напушти сцената.
Бонус галерија
Трансродовата пејачка Алина Јухарт во Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм