Реклама
Новости

Пејачка од „Ѕвездите на Гранд“ морала да пее на улица за да преживее – нејзината животна приказна никого не остави рамнодушен!

Реклама

Младата пејачка Зорја Пајиќ која се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ имала тешки моменти во животот.

Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ

Таа пред учеството во шоуто морала да пее на улица за да може да преживее и да ги заврши студиите.

Покрај учеството во популарното шоу Зорја големо внимание привлече и со нејзината песна со која што минатата година се натпреваруваше на изборот за претставник од Србија на музичкиот фестивал Евровизија.

Маркетинг

Пејачката својата кариера ја започна на белградските улици каде пееше заради тешката материјална ситуација. Но како што самата вели, нејзините настапи на улица и носат само убави спомени.

Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ

„Бев во тешка ситуација. Морав или да пронајдам некоја работа или да се отпишам од факултетот. Одлучив да работам што сакам, колку сакам и како сакам. Не знаев дека току добро се заработува како пејач на улица, инаку би започнала и порано. Подоцна тоа ми се допадна многу, посебно заради странците кои често знаеја да ја фатат целата широчина на Кнез Михајлова. Покрај тоа не пеев сама, туку со музичари и пријатели кои радо заработуваа со мене“, вели Зорја која со својот глас ги воодушевуваше сите и додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“. Таа додава и дека токму тогаш открила дека сака да стане пејачка и од тоа да живее.

Инаку, Зорја е во брак со помладиот брат на актерот Милан Пајиќ, кој публиката го обожава по неговите генијални улоги во новите популарни српски серии.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ

Таа заедно со Марија Груевска беше една од кандидатките за победа во „Ѕвездите на Гранд“.

Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ

Има завршено музичка академија, отсек виолина, но како што самата вели, морала да настапува на улица за да ги финансира студиите. Најпрво пеела на пазарот во Нови Сад, а потоа полека се приближувала до главниот плоштад.

Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ

По некое време се преселила во Белград, каде пеела на познатата улица Кнез Михајлова.

Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ

Иако се школувала за виолина, таа отсекогаш сакала да пее и извесно време се занимавала со етно пеење.

Нејзиното вистинско име е Зорка, а како што вели самата Зорја е словенска божица на убавина. Односно ова има е изведено од Зора, старо словенско име – во старословенската митологија Зора е божица на мугрите и разденувањето.

Како изгледаше Зорја во „Ѕвездите на Гранд“ погледнете во продолжение:

Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button