Пејачката Соња Тарчуловска испрати важна порака: „Навистина не ми е гајле“, вели таа на Инстаграм
Популарната македонска пејачка се огласи на социјалните мрежи и испрати важна порака до фановите.
Соња Тарчуловска ужива максимално во животот, а сега со една порака уште еднаш го потврди тоа.
Со својата кариера започна релативно млада и за кратко време доживеа голем успех.
Соња може да се пофали со хитови кои ги знаат и стари и млади и кои се пејат до ден денешен.
Иако беше во екот на популарноста, таа одлучи да се повлече и целосно да се посвети на своето семејство.
Долги години е во брак со политичарот Јохан Тарчуловски, а плод на нивната љубов се нивните три деца, Мелани, Младен и Јоана.
Тие се нивното најголемо богатство и причина да се борат за поголеми успеси.
По долгата пауза, откако децата пораснаа, Соња одлучи повторно да се врати на сцената.
За оваа жена времето буквално како да запрело, таа изгледа подеднакво исто како на почетокот на својата кариера.
На нејзиниот најнов видео запис Соња изгледа како девојка.
На огромна радост на нејзината публика, таа им се врати и на настапите, а нејзина најголема поддршка секогаш е нејзиниот сопруг.
Според фотографиите кои ги споделува на социјалните мрежи, Соња се чини посреќна од било кога, а со најновата порака која ја испрати го потврди тоа.
Имено, таа уште еднаш кажа дека годините воопшто не ѝ се важни, дека максимално ужива во животот.
„Премногу години за младост, премалку за старост. Навистина не ми е гајле“, напиша Соња.
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска
ФОТО: Инстаграм / Соња Тарчуловска