Пејачката од Македонија сведок на поплавата во Дубаи: Погледнете што доживеала
Пејачката од Македонија сними во каква ситуација се нашла за време на поплавата во Дубаи.
Возилото на Аделина поплавено до половина.
За само неколку часа, поради силното невреме во Дубаи наврна дожд колку за година и половина.
ФОТО: CNN
Поплавени се главните сообраќајници и аеродромот, поради што мораа да бидат пренасочувани летови.
Пустинската земја Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во неделата и понеделникот ја погоди незапаметен силен дожд, кој го пализираше и светскиот финансиски центар Дубаи.
ФОТО: CNN
Метеоролозите и за денеска најавуваат бури, поради што училиштата во Обединетите Арапски Емирати веројатно ќе останат затворени.
На социјалните мрежи граѓаните споделуваат снимки и фотографии од улиците, по кои пловат луксузни возила.
Поплавени се цели трговски центри и населби.
ФОТО: CNN
Пејачката од Македонија, Аделина Тахири, заедно со сопругот Серјожа Марков и синот Јон беа на патување во Дубаи за Бајрам.
Пејачката и нејзиното семејство веќе неколку дена уживаа во Дубаи, но од вчера беа сведоци и на силната поплава.
ФОТО: Инстаграм / Аделина Тахири
Аделина направи снимки од улиците по кои пловат возила.
Таа ја сними и ситуацијата на Аеродром, каде луѓето се евакуирани и чекаат да се пуштат летовите.