Пејачката на „Стани моме“ стана и им го украде шоуто на колешките и колегите од Мерак меана (видео)
Елегантен фустан со кој ја истакна својата женственост
Познатата фолк пејачка Нена Дулева во емисијата „Мерак меана“ се појави во заводлив црвен фустан со кој го украде шоуто.
Фустанот што за оваа пригода го избра шармантната велешанка е со должина до подот, со тесен струк кој полека се шири во долниот дел и преставува најдобар избор за жени кои имаат тело на песочен часовник, додека шлицот ги истакна убавите нозе на пејачката.
Долгиот црвен фустан беше посебно впечатлив во предниот дел, со интересен преклоп, длабоко деколте и голи раменици.
Фото: Фејсбук/ Нена Дулева
Нена за оваа пригода немаше никакви дополнителни модни додатоци, па елегантниот фустан беше главна ѕвезда во ова нејзино издание.
Фото: Фејсбук/ Нена Дулева
Познато е дека црвениот фустан е одличен избор за секоја жена што сака да биде во центарот на вниманието.
Фото: Фејсбук/ Нена Дулева
Фото: Фејсбук/ Нена Дулева
Моделот преставува „маст-хев“ модел за секој женски плакар (види тука). Тоа очигледно го знае и познатата русокоса која во ова издание и во боја на љубовта и страста никого не остави рамнодушен.
Фото: Фејсбук/ Нена Дулева
Инаку, Нена е позната по еден од најголемите македонски фолк хитови, „Стани моме“, песна која се пее на секоја веселба во Македонија.
Фото: Фејсбук/ Нена Дулева
Фото: Фејсбук/ Нена Дулева
Таа по потекло е од Велес, но долги години живее во Германија, каде едно време нејзината кариера беше на пауза.
Фото: Фејсбук/ Нена Дулева
Но Нена неодамна реши да се врати на нашата музичка сцената, а по летното шоу со нејзини песни кое го снимаше за Сателитската ИНТВ и го објави на Јутјуб, неодамна сними и спот за преработка насловена како „Елено моме“ и повторно ги воодушеви сите.
Фото: Фејсбук/ Нена Дулева
Видеозаписот се снимаше во нејзиниот роден град Велес, во соработка со ИН продукција, а Нена во него го носи истиот фустан.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Дулева?