Пејачката на „Раке пуке, раке шлаке“ сподели прекрасни вести – ПОГЛЕДНЕТЕ колку е среќна, сите и честитаат!
Фолк пејачката која смело испеа неколку рефрени кои долго ќе се паметат знае како да се забавува.
Македонската фолкерка Сања Ристеска која важи за неодоливо привлечна и убава многумина ја паметат по стиховите „Раке пуке, раке шлаке“.
Во високи потпетици, кратко црно фустанче со длабоко деколте и натапирана фризура во спотот за песната „ме заболе‘“ Сања имаше неколку провокативни моменти со кој ја разбранува македонската јавност.
Сепак оттогаш па до сега Сања направи огромна трансформација и изгледа неверојатно.
Сања заедно со неколку пријатели соноќа славеше слава, а на социјалните мрежи се пофали со богатата трпеза и забавата која ја направија.
Преполна трпеза, кренати чаши и добра песна е комбинација за секоја забава, па така беше и во домот на убавата фолкерка.
„Денес е ден кога го славиме животот, за многу години, вечна слава“ напиша Сања.
Како вистинска домаќинка таа наздрави со чаша вино и со насмевка ги снимаше добро расположените гости.
Сања е доста активна на социјалните мрежи, а летово во костим за капење приреди вистиннска глетка за паметење.
Инаку додека траеше коронакризата Сања воопшто не мируваше, туку сними нова песна.
Емотивна песна „Брат и сестра“ која е цела една приказна за нераскинливата љубов која постои помеѓу сестрата и братот, а ја испеа со Александар Талески.
Од снимање на спотот за песната „Ме заболе“ до спотот за „Брат и сестра“ Сања како да созреа па изгледа неверојатно и речиси непрепознатливо.