Иселениците се враќаат во родната татковина. Летото е периодот кога тие можат да се одморат и да се видат со семејството и најблиските.
Македонија една и единствена. Татковина. Тука се родив, тука израснав, тука се школував, тука се оженив, тука створив семејство…но заминав за подобра иднина вака ја почнува својата приказна Ивица од Скопје.
Тој е фамилијарен човек, има 45 години, сопруга и две деца.
-Тешко е да донесеш таква одлука, за да заминеш од својата родна татковина засекогаш. Но, ете, не се живее од љубов кон родната земја. Се сеќавам, пред многу години, кога и татко ми и мајка ми останаа без работа.. Едвај имавме за преживување. Па така како некој да слушна па ми го испрати братучедот од Шведска кој долги години живее таму .
Дојде и ми понуди престој и работа прифатив и заминав. Татко сум на две деца на кои можам да им пружам се, а кога ќе се вратам овде им велам дека тука е животот, но немаштијата ме натера да заминам за подобри услови раскажува Ивица.
Зоран од Кисела Вода пред девет години заминал во САД.
-Веќе 9 години живеам и работам во Чикаго. Досега имаме дојдено само еднаш и еве годинава со дшау го чекаме летото за да дојдеме назад, да ја видиме куќата, да ги видам родителите, пријателите. Ќе се вратиме назад по еден месец. Македонија е иста. Ништо не се менува. Секој ден станува се полоша. Решив да заминам одовде сакав поубава иднина за моите најмили, вели Зоран од Кисела Вода.
Дац веќе 15 години живее и работи во Германија.
-Кога сум во Германија размислувам на Македонија, на дружењето на пријателите, но кога ќе се вратам ме фаќа тага гледајќи како народот и моите блиски се мачат, ретко кој ќе се пофали дека му е убаво сите се жалат и гледаат да избегаат.
Отидов од Куманово пред 15 години. Имам можност понекогаш и двапати во годината да дојдам за да си го видам семејството.Помагам колку можам на своите родители, вели Дац од Куманови.