Огласи
CelebrityИнтервју

Пеце од Суперхикс: „Македонската публика е најдобра!“

advertisement

Малкумина за него знаат дека е дипломиран професор по руски јазик и книжевност на Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Енергичниот фронтмен на групата „Суперхикс“ Петар Младеновски- Пеце е сопруг и татко на две малолетни деца Никола и Маша за кои вели дека го мотивираат за се. Тој за себе вели дека гитара свири слабо, но затоа одлично се снаоѓа во кујна…

Најголема предност од професијата со која се занимавате?

Духовната исполнетост и засоволство и среќата која ја чувствувате кога настапувате пред бројна публика а таа ги пее вашите песни.

реклама

А мана?

Некогаш засилувачот и гитарата знаат да бидат тешки за носење..

Најдраго сеќавање од детството?

Сеќавањата на летувањата со семејството и кампувањата во Стомио.

Кој е јунакот од вашето детство?

Јосип Броз – Тито и Ultimate Warrior.

Марpкетинг

Што според вас е пресудно за успешен и среќен брак?

Никогаш не можеш да знаеш дали е успешен и среќен се’ додека не “заминеш”. Нели?:))

Дали вашите деца одат по стапките на мама и тато?

Ги интересираат музиката, балет, инструменти, глума..а дали ќе одат по тие стапки-апсолутно самите ќе одлучат.

Како се снаоѓа Пеце во кујна?

Одлично!!!

Како го поминувате времето сега, кога речиси и да нема свирки и настапи?

Го поминуваме во кујна. А знаеме и да “зготвиме”по некоја нова песна.

Каква е македонската публика?

Најдобра! Без лажна скромност!

Неостварена желба?

Да ги видам на концерт The Ramones.

epp

Подобро пееш или свириш гитара?

Гитара свирам слабо. Бас гитара солидно. Пеење…4ка!

За која песна би кажале дека ви е лична карта?

“Im against it!” The Ramones

Што следно може да очекува публиката од Суперхикс?

Нова песна наскоро а ако даде вакцина и концерт можеби во 2021ва…2022ра…2023та…

advert
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button