Пет модели на обувки што сакаме да ги носиме пред да скокнеме во нашите омилени чизми

Во пресрет на постудените денови кои кога тогаш треба да се појават ја извлековме и потоплата облека која не чекаше на дното од плакарите.

Некои дами веќе ги извадија и своите чизмички и се прошетаа со нив низ градските улици, но тогаш се врати и ова време кое е необично топло за овој период од годината и се уште трае.

ADVERTISEMENT

И покај тоа што сме почеток на ноември, на улиците се уште гледаме девојки во модели што се наменети за преодниот период, а кога се во прашање обувките, тоа се сите оние модели што ги носиме помеѓу летните сандали и топлите зимски чизми. Познатите „хај-стрит“ продавници во Македонија се преполни со овие модели, па во продолжение погледнете ги оние што ги избраа нашите модни уредници и кои без проблем би ги носеле и ние во следниов период.

Црвени високи потпетици (Guess)

Бели патики (H&M)

Балетанки (H&M)

Металик патики (Karla)

Рамни обувки (Mango)
Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed