Петар Нечовски откри каде се обраќа кога му е најтешко – со една фотографија ги воодушеви своите верни обожаватели!
![](/wp-content/uploads/2021/10/нечовски1.jpg)
Македонскиот пејач испрати силна порака преку социјалните мрежи и ги воодушеви сите.
![](/wp-content/uploads/2021/10/нечовски1.jpg)
Петар Нечовски скоро 40 години е дел од македонската музичка сцена, а зад себе има многу хитови бројни освоени награди на национални и меѓународни фестивали, турнеи и настапи пред иселениците во Канада, Америка, Австралија.
Нечовски потекнува од Ресен, а препознатлив е по својот специфичен имиџ, по својата фризура (коњско опавче) карактеристична повеќе за рокерите отколку за фолкерите.
![](/wp-content/uploads/2021/06/нечовски21.jpg)
Поради вирусот Ковид 19 многу угостителски објекти беа затворени, а музичарите немаа никакви ангажмани.
Пејачот во тој период изјави дека можеби најдобро и најпаметно е секој музичар да си најде нова работа.
За време на карантинските денови тој сепак не се откажа од музиката и како што самиот изјави по нешто компонирал, потпевнувал и преслушувал други песни.
![](/wp-content/uploads/2021/10/нечовски2.jpg)
Освен што е одличен во својата професија, тој може да се пофали дека е извонреден готвач.
Многупати на Фејсбук знае да сподели и некој свој специјалитет. Љубител е на рибата, а вели дека подготвува пастмрка од која човек може прсти да излиже.
![](/wp-content/uploads/2021/06/нечовски13.jpg)
Пејачот е долги години во брак со сопругата Анастасија.
Анастасија е негова најголема поддршка и придружба каде и да оди. И двајцата навистина умеат да уживаат во животот и постојано негде патуваат.
Нечовски се големи верници, а нивна куќна слава е Свети Ѓорѓија.
![](/wp-content/uploads/2021/06/нечовски24.jpg)
Иако знат да направат голема прослава и да ги соберат најблиските на едно место, минатата година поради пандемијата тие сами ја прославија славата, а на гости им дојде само свештеникот.
![](/wp-content/uploads/2021/06/нечовски12.jpg)
Домаќините го дочекаа и свештеникот ја вршеше својата богослужба во нивниот дом – со заштитна маска. Пејачот на својот Фејсбук профил сподели и што се најде на нивната трпеза.
![](/wp-content/uploads/2021/06/нечовски14.jpg)
Тој е активен на социјалните мрежи, а деновиве сподели фотографија со која испрати силна порака до своите следбеници.
Тој откри каде се обраќа секогаш кога му е тешко.
„Кога ми е тешко му се молам на Бога, кога ми е убаво му благодарам на Бога“, стои во опис на фотографијата.
Фото: Фејсбук / Петар Нечовски
Фото: Фејсбук / Петар Нечовски
Фото: Фејсбук / Петар Нечовски
Фото: Фејсбук / Петар Нечовски
Фото: Фејсбук / Петар Нечовски
Фото: Фејсбук / Петар Нечовски
Фото: Фејсбук / Петар Нечовски
Фото: Фејсбук / Петар Нечовски
Фото: Фејсбук / Петар Нечовски
Фото: Фејсбук / Петар Нечовски
Фото: Фејсбук / Петар Нечовски
Фото: Фејсбук / Петар Нечовски
Фото: Фејсбук / Петар Нечовски
Фото: Фејсбук / Петар Нечовски