Петар извади бугарски пасош и реши да се пресели во оваа земја – тука минималецот е 2000 евра и НЕ ви треба партиска книшка!
Петар и неговата девојка Милица живеат во Холандија…
Петар по потекло е од еден помал град во Македонија. Работи како веб дизајнер, а замина со бугарски пасош.
Тој сакаше да замине во Германија, но заради пандемијата не успеа да го направи тоа, па пред неколку месеци се пресели во Холандија каде што успеа да се вработи преку интернет.
Првото нешто што го изненадило, како што вели самиот, е тоа што во ова земја секоја каменче е на свое место. Улиците и дворовите се неверојатно чисти и средени, никаде нема ѓубре ниту пак кучиња скитници. На улиците на секој чекор има патеки за велосипедисти, парковите изгледаат како рајски градини, а начинот на кој домаќинствата го фрлаaт ѓубрето е научна фантастика за нас.
Секое семејство има посебно бројче, па на основа на количина на фрленото ѓубре се води евиденција и се плаќа на годишно ниво.
„Работите што можат да се рециклираат можат да се фрлаат на посебни места, и тогаш за нив нема да платите“, вели Петар.
Од друга страна она што најмногу ја „шокирало“ неговата девојка е тоа што тука во Холандија многу жени избираат да се породат дома. Бабицата доаѓа и неколку дена пред породувањето да ја провери здравствената состојба на мајката, како и на бебето откако ќе се роди, а можат да се договорат и да подготвува храна за нив двајцата па дури и да чисти доколку новопечената мајка има потреба од тоа.
„Им доаѓа само бабичката, и на тој начин поминуваат и многу поевтино бидејќи за болница мора солено да се плати“, вели Милица.
Здравството е приватно, во зависност од пакетот што ќе го изберете, а болниците се далеку посредени од нашите.
И во маркетите е поевтино!
Што се однесува до цените во маркетите, некои намирници се дури поевтини и од оние во Македонија, посебно кога има акции, велат тие.
Од друга страна, минималецот во оваа земја е 2000 евра, па затоа животот не може ни да се споредува со оној кај нас.
Сепак, она што најмногу го изненадило Петар и Милица биле кофи-шоповите, кои во оваа земја ги има на секој чекор.
Тие наводно мapихyана имаат пробано и во Македонија, онака од љубопитство, но додека тоа кај нас е илегално, во Холандија луѓето пушат џo-инт најнормално, како кај нас што се пушат цигapи, дури и додека се шетаат по улица.
„Во поголемите градови кoфи-шопови има речиси на секој кош. Луѓето седат и пушат, никој не им прави проблем. Можеш дури да си купиш и колачиња со марихуана, и тоа во најобична продавница“, вели тој.
„Кога им раскажував на моите другарки како си поминавме во Амстердам, не им се веруваше“, додава Милица.
На прашањето дали планираат да се врати дома, девојката на Петар која буквално неодамна ја напушти Македонија, вели:
„И двајцата би сакале еден ден да се вратиме. Но се додека кај нас постојат луѓе што зимаат плата, а не одат на работа, а од друга страна други р’мбаат по цел ден речиси за беспари, мислам дека нема логика да се вратиме“.
„Но да се надеваме дека ќе дојдат подобри времиња, кога нема да ти треба партиска книшка за да успееш во животот“.
„Ниту пак бугарски пасош“, додава нејзиниот сакан.
„Тука повеќето Македонци се со бугарски пасош. Тоа е најлесниот начин да излезеш од доле и тука да најдеш работа. Но доколку во блиска иднина ситуацијата се промени, односно ако со нашиот пасош добиеме исти услови за работа, ниту еден нема да го задржи пасошот од Бугарија.
„Но можеби тие многу добро го знаат тоа, па затоа и ни стават вето, за да не им ги вратиме пашпортите преку пошта“, вели Петар во шега.
И тука го завршивме муабетот, искрено надевајќи се дека овие луѓе по неколку години ќе ни се вратат.
Сепак, од дома нема поубаво, а да живееш во туѓина, колку и да имаш подобри услови, не е лесно…
А богами знае и да боли!