Перо Антиќ по 13 години брак се разведе од својата сопруга

Перо Антиќ и неговата сопруга Ружица не се повеќе заедно.

Како што пренесе „Женски Магазин“, македонскиот кошаркарски репрезентативец и актуелен претседател на Кошаркарската федерација на земјава, Перо Антиќ, не е повеќе во брачна заедница со неговата сопруга Ружица.

ADVERTISEMENT

Перо и Ружица беа во брак 13 години и имаат 3 деца – Лука, Павел и Петар.

Ружица која е основач и главен уредник на магазинот „Портрет“ на Инстаграм веќе го промени и своето презиме, па така сега го носи моминското – Максимовска.

Инаку, и пред 5 години македонските медиуми објавија вест дека првиот македонски кошаркар во НБА, Перо Антиќ, и неговата сопруга Ружица се разведуваат. Тие тогаш за Вест ја потврдија оваа информација, но категорично одбиваа да ја коментираат нивната одлука.

Очигледно дека парот не успеа да ги надмина непомирливите разлики меѓу нив и одлучиле дека е најдобро да стават крај. Поради трите сина тие ќе останат во коректни односи, јавува ексклузивно порталот Женски магазин.

Facebook Comments
(Visited 591 times, 1 visits today)