Реклама
Вирално

Пензионери, каде тргнавте?

Реклама

Зарем не ви е мил животот?

И покрај сериозноста на ситуацијата во Македонија па и во целиот свет, оние кои можат да бидат најпогодени од вирусот, баш и не се загрижени премногу. Имено на улиците низ Скопје пензионерите се шетаат како и претходно, односно тие како да не ги слушаат апелите од власта да не излегуваат, туку во голем број се на улиците, во банките, на шалтерите. Е сега, разбираме да направат едно крукче околу зградата или да појат до продавница доколку немаат никој друг да го направи тоа за нив, но никако не смеат да претеруваат.

Маркетинг

Но за жал од она што го видовме тие не ги почитуваат мерките:

Маркетинг

Во Србија за пензионерите казни и до 80.000 денари

Премиерката на Србија на вонредна конференција за новинари ги најави новите мерки за ограничување на движење и парични казни од 150.000 денари за пензионерите што не ја почитуваат забраната (постари од 65 години).

Таа изјави дека ако овој негативен тренд продолжи, може потполно да се забрани движењето, но се надева дека наскоро ќе се подобри ситуацијата. Незадоволна и од тоа што го виде низ кафулињата во Белград премиерката Брнабиќ се прашува што се случува со здравиот разум.

„Луѓе, не правете го тоа! Не играјте се! Зошто да се играме со животите на старите луѓе и со било чии животи? Зошто морате да одите од место А до место Б? Каде одат сите и покрај сите апели? Ова се случуваше и во Италија се додека не дојде да имаат бројка од 2000 кои ги изгубија своите животи и сега сите седат дома. Треба ли потполно да ги затвориме градовите?! Апелираме до сите да имаме дисциплина. Имате компјутери, телефони, телевизија… седите дома!“ порача таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button