Пендаровски наздрави со чашка РАКИЈА: Претседателот се опушти на слава – ваков го НЕМАМЕ ВИДЕНО

Претседателот на нашата земја се опушти на куќна слава и наздрави во чашка ракија.

Пендаровски големиот празник Благовец го прослави во кочанско кај едно семејство.
По завршувањето на работните обврски и политичарите, како и сите нас, сакаат да се опуштат со семејството и пријателите.

На 12. мај 2019 година, со давањето свечена изјава во Собранието, Стево Пендаровски официјално ја презеде функцијата претседател на државата.
Приватно е посветен сопруг и грижлив татко.
Негова прва дама е Елизабета Ѓоргиевска. Бети, како што народот милува да ја нарекува е редовен професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија.

Со Пендаровски се запознале преку заеднички пријатели, а како што самата кажа во едно свое интервју, тој ја освоил со неговиот карактер и особини кои таа ги цени кај луѓето: чесност, сочувствителност, духовитост и интелигенција. Таа го опишува како добар човек на кој може да се потпре во најтешките моменти.
Плод на нивната љубов е синот Огнен кој и на двајцата им е слаба точка.

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне…
Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи.

Овој празник претседателот го прослави во домот на семејство во кочанско, каде заедно со домаќините наздрави со чашка ракија.
„На Благовец во Грдовци, кочанско.
Благодарност до домаќинот Благојчо Симеонов и неговото семејство за гостопримството“, напиша Пендаровски во опис на фотографиите од прославата.

ФОТО: Фејсбук / Стево Пендаровски
ФОТО: Фејсбук / Стево Пендаровски
ФОТО: Инстаграм/ Стево Пендаровски
ФОТО: Фејсбук / Стево Пендаровски
ФОТО: Фејсбук / Стево Пендаровски
ФОТО: Фејсбук / Стево Пендаровски
ФОТО: Инстаграм/ Стево Пендаровски
ФОТО: Фејсбук / Стево Пендаровски
ФОТО: Фејсбук / Стево Пендаровски
ФОТО: Фејсбук / Стево Пендаровски
ФОТО: Фејсбук / Стево Пендаровски
ФОТО: Фејсбук / Стево Пендаровски
ФОТО: Фејсбук / Стево Пендаровски
ФОТО: Фејсбук / Стево Пендаровски